Ракометарите на Борец и Партизан од Гевгелија одиграа интересен натпревар на кој домашната екипа се врати од негатива од три гола и успеа да победи откако дуелот заврши 24:19.
Гостинскиот тим имаше добар почеток, го контролираше резултатот и играта, а во тоа му помогаа домашните ракометари со многуте технички грешки.
Сепак по петнаесетина минути игра, Борец дојде и до два гола предност, 6:4 и успеа неколку минути да одржува контрола на самиот резултат. На спротивната страна се разиграа Узунчеви и со нивните голови, Партизан по 30. минути игра имаше предност од три гола, 8:11.
Во вториот дел гостите во почетните седум минути само два пати успеаа да ја затресат мрежата на Велковски. Сето тоа го искористија ракометарите на Борец , кои на крилата на Мачавелов направија пресврт и ја забелажаа деветата победа во Првата лига плеј аут.
Најефикасен кај Борец беше Мачавелов со седум погодоци, сите во вториот дел, а голем удел во победата имаа и голманите Велковски и Митревски со вкупно 15 одбрани. Кај гостите од Гевгеелија најефикасен беше Банцалиски со осум погодоци.
Можеби ќе ве интересира: