Ракометниот плеј-аут Фруитленд Борец ќе го започне со гостување во Прилеп

Fruitlend Borec Prilep

Во првото коло од плеј-аутот на ракометната Супер лига што ќе се игра на 2 април, велешкиот клуб Фруитленд Борец ќе гостува кај екипата на Прилеп.

Zito akcija 640x289px

Вака денес одлучи ждребката која се одржа во просториите на Ракометната федерација на Македонија. Во останатите натпревари се среќаваат Пролет против Струга, а повторно ќе ги вкрстат копјата Радовиш и Куманово, овој пат во Куманово.

Agria

Фруитленд Борец го заврши регуларниот дел на 10 место и во плеј-аут фазата ќе стартува со еден бод, Пролет ќе започне со 3, Куманово и Прилеп со по 2, додека Радовиш ќе започне без бодови.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: