Расчистено убиството во кривопаланечко Луке, поднесена е кривична пријава и определен притвор на две лица

policija veles

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Zito akcija 640x289px

Како што соопшти МВР, на 24 март 2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет.

Agria

Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: