Расте бројот на новозаразени од ковид-19

Veles most
Veles most

Министерството за здравство регистрира нови 23 позитивни случаи на ковид-19 во Велес, а еден пациент ја загуби битката со вирусот.  Институтот за јавно здравје регистрира и 18 оздравени велешани во последното денонќие. Бројот на активни случаи во градот е 221.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци – по 31, Охрид – 24, Велес – 23, Куманово – 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по 1.

Регистрирани се 407 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г), и по еден смртен случај од  Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г), Кочани (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: