Расте интересот за возилата на Брако во САД, нови 7 возила за градска хигиена во Калифорнија

Седум возила за одржување на хигиена во урбани средини кои се произведуваат во фабриката на Брако во Велес, беа испорачани кон клиентите во Калифорнија во САД.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Се зголемува интересот за возилата на Брако на северно-американскиот континент. Најновата пратка се состои од 6 рачно управувани електрични модели и еден камион со капацитет за складирање на отпад од 1,5 м3 современ и ефикасен систем за редукција на издувни гасови.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Испораката се случува десетина дена по саемот во Калифорнија кој се одржа во рамките на Конференцијата за градски управи, на која се претставија и возилата на Брако. Околу 500 посетители на конференцијата, кои се дел од менаџментот на градските управи во сојузната американска држава покажаа голем интерес за електричните модели на Брако, за кои истакнаа дека станува збор за современи, ефикасни и еколошки возила за одржување на градската хигиена.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: