Ратко Јовановски правеше чуда на голот, Превалец го совлада Росоман

Prevalec Rosoman

Превалец без проблем го доби дуелот од 10 коло од Треата фудбалска лига Југ против Росоман со резултат 2:0, полувреме 1:0 и стигна до нова победа на домашен терен. По 10 одиграни кола екипата на Превалец се наоѓа на четвртата позиција на табелата со освоени 22 бода.

Zito akcija 640x289px

Стефче Илиевски во 19 минута го донесе својот тим во водство, а во вториот дел Живко Ѓорѓиевски стрелаше за конечните 2:0. Мора да се напомене брилијантната партија на Ратко Јовановски кој одбрани неколку стопроцентни шанси за гол на гостите.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Одличен натпревар, во кој гостинската екипа прикажа добра игра. Нашата екипа без неколку стандардни првотимци одигра борбено, мотивирано и со поголема желба за победа. По исклучувањето на Кристијан Маневски во 65 минута гостите имаа неколку убави шанси за гол но Ратко денес беше со десет раце и не дозволи да примиме гол“, изјави по натпреварот тренерот на Превалец, Димче Маневски.

До крајот на есенскиот дел од Третата фудбалска лига Југ, останува да се одигра уште едно коло, а екипата на Превалец ќе гостува во прилепското село Лажана кај екипата на Слога, која се наоѓа на шестата позиција на табелата со освоени 14 бода.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: