Разрешени државните правобранители во Скопје и Струга поради несовесно работење

ministerstvo za pravda
ministerstvo za pravda

На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на вчерашната седница на Владата се донесе одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Владата одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител, објави Министерството за правда.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: