Регионални активности и средба на секцијата на сниматели при ЗНМ во Велес

znm sekcija snimateli vo veles
znm sekcija snimateli vo veles

Секцијата на сниматели при ЗНМ во состав од Ристо Мишев, Зоран Догов и Адријана Јовановска остварија средба и работен состанок со колегите сниматели во Велес.

Zito akcija 640x289px

На средбата беше разговарано за многу теми кои ги засегаат колегите дописници, нивниот статус и условите во кои работат, а беа споделени и искуства со кои се соочуваат сeкојдневно.

Agria
znm sekcija snimateli

„Покрај вообичаените проблеми со кој се соочуваат како и нашите колеги од Скопје, ние снимателите дописници и сниматели во локални и регионални медиуми се соочуваме и со егзистенцијални проблеми, со тенденција да исчезне овој дел од фелата т.е. сниматели за телевизии. Екстремно ниските примања се повеќе ја прават оваа работа непосакувана од нашите колеги кои прибегнуваат кон други форми на заработка од својот занает, свадби и слично“ посочи Кире Пиличев, координатор за струмичкиот регион во рамките на Секцијата на сниматели.

znm sekcija snimateli

Од страна на останатите колеги беше потенцирано дека снимателите – дописници нема смена и работно време, тоа значи дека му се скратени и можностите за заработка од друга работа. На работниот состанок во Велес на кој што присуствуваа колегите сниматели од штипскиот, велешкиот и струмичкиот регион се разговараше и за унапредување на комуникацијата и соработката меѓу снимателите и новинарите.

znm sekcija snimateli

Средбата помина во одлична атмосфера каде колегите избраа и свои координатори кои ќе ги претставуваат и ќе ги информираат за активностите во иднина на секцијата на сниматели при ЗНМ. За координатор на регионите Велес, Куманово, Свети Николе и Кавадарци е избран Иван Камчев, Кире Пиличев беше избран како координатор за Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово и Виктор Ефремов од Штип за координатор за Штип, Кочани и Делчево.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: