Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 13.12.2024 година во 01 часот и 36 минути, регистрира земјотрес.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.