Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново поскапување на горивата во нашата држава, а новите цени стапуваат на сила на полноќ.
Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за 1 денар по литар гориво, додека Еуросупер БС-98 ќе поскапи за 1,50 денари. Еуродизелот, пак, поскапува за 1 денар.
Со ова, според новите цени на горивата, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи за 58 денари по литар гориво, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека пак Еуродизел ќе се продава за 50 денари по литар гориво.
Како причина за поскапувањето се наведуваат зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.