Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Регулаторната комисија со нова одлука за цените на горивата

benziska pumpa
benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука од денеска се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на одлуката од 17 октомври 2022 година.

Zito akcija 640x289px

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,115 денари за килограм, додадоа од РКЕ.

Agria

Со вчерашната одлука цената на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 89,00 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 49,919 (денари/килограм).

Оттаму додадоа дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,499 проценти, кај дизелот за 0,331 отсто, кај екстра лесното масло за 0,005 проценти и кај мазутот намалувањето е за 2,826 отсто.  Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,077 проценти, информираа од РКЕ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: