Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека се одземени лиценците на трговците Пертинакс за трговија на големо со мазут и на Гуливер Инжинеринг за трговија на големо со Еуродизел БС.
Дозволите за трговија се одземаат поради тоа што трговците на големо не доставиле во меѓувреме докази дека поседуваат резервоари за соодветниот нафтен дериват.
Содржината продолжува под рекламата
Дади оил доставил документи со кои докажува дека поседува резервори за Еуросупер БС 95, додека Башино Гас приложил документи за обезбедени резервоари за вршење на енергетска дејност трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ).
Содржината продолжува под рекламата
За РКМ, Ли Оил и Супертрејд постапките се запрени затоа што се утврдило дека овие трговци ги поседуваат потребните резерви.
Можеби ќе ве интересира: