Рекорден број на заразени со коронавирусот, Велес и натаму е стабилен

Veles Januari 2022
Veles Januari 2022

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа во Велес се регистрирани нови 16 случаи со ковид-19, а во истиот период се забележани и 11 оздравени пациенти.

Zito akcija 640x289px

Направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Скопје – 1028, Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10, Радовиш и Валандово – по 8, Ресен – 7, Неготино – 6, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кратово и Богданци – по 3, Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 332 оздравени пациенти од:

Скопје – 185, Битола – 27, Прилеп – 26, Кавадарци – 15, Велес и Ресен – по 11, Куманово – 9, Македонски Брод – 7, Охрид, Тетово и Кичево – по 5, Богданци – 4, Гевгелија, Штип, Струмица и Кочани – по 3, Делчево, Струга и Пробиштип – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица:  по едно починато лице од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: