Рекордна бројка на новозаразени со коронавирус во земјава во последниот месец, а можеби и од почетокот на епидемијата во земјава се очекува денеска.
Од Министерството за здравство сѐ уште нема официјални резултати од тестирањата во последното деноноќие. Меѓутоа, МИА, повикувајќи се на информации од Институтот за јавно здравје, информира дека има околу 100 нови случаи на ковид-19.
Истите извори од ИЈЗ посочиле дека од новодијагностицираните случаи со ковид-19 најголем број се од Скопје. За слична бројка објави и Канал 5 Телевизија
Поради големиот број заразени, се очекува Комисијата за заразни болести да одржи состанок во проширен состав.
Вчера во земјава беа регистрирани 76 случаи на ковид-19. Претходниот ден бројката беше уште повисока – 89 случаи плус седум починати.
Според кумулативните анализи на ИЈЗ за состојбата од почетокот на корона-кризата во земјава, најголем број новозаболени досега биле регистрирани на 15 април (107 случаи).