Димче Тодоровски, тренерот на новиот второлигаш Локомотива Градско, дебитраше со реми на својот прв натпревар во подготвителниот период. Локомотива и Слога од Виница одиграа без голови во првиот натпревар од подготовките.
Иако на натпреварот не беа постигнати голови, тренерите на обете екипи тестираа повеќе тактички замисли, а резултатот беше во втор план.
Следен натпревар во подготвителниот период за Локомотива од Градско е пријателскиот натпревар против второлигашот Кожув од Гевгелија, кој ќе се одигра во среда на 21 јули.
Можеби ќе ве интересира: