На два дена пред првиот натпревар во сезоната, екипата на Кеги Моби објави дека младите репрезентативци на Македонија во футсал до 19 години, Петар Каров и Марко Јанушев ќе бидат дел од семејството на Кеги Моби.
Содржината продолжува под рекламата
„Петар Каров и Марко Јанушев се нашите млади репрезентативци на КМФ Кеги Моби и два млади темели кои доколку продолжат да се занимаваат со футсалот ќе бидат и предводници на играта во клубот кога ќе стекнат искуство. Нив ги имаме од минатата сезона и се староседелци во клубот и цела сезона ја поминаа во црвената боја на КМФ Кеги Моби“, изјавија од клубот.
Содржината продолжува под рекламата
Првиот натпревар од сезоната, КМФ Кеги Моби ќе го одигра во понеделник против КМФ Осогово со почеток од 18 и 30 часот, во спортската сала „Бранители 2001“.
Можеби ќе ве интересира: