Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

РЕС снабдува со електрична енергија 190 компании од приватниот сектор носители на економскиот живот во државата

struja
struja

Снабдувачот со електрична енергија РЕС (Reneweble Energy Supply), единствен на пазарот нуди фиксни цени на електричната енергија, како и најниски берзански цени за домашните и за странските фирми во земјата.

Zito akcija 640x289px

РЕС, компанија дел од групациите Централ Инвест и Феро Инвест, во моментот снабдува околу 190 компании исклучиво од приватниот сектор, кои се меѓу главните носители на економскиот живот на државата.

Agria

Референтната листа на РЕС, како што соопштија од Феро Инвест, содржи компании од телекомуникациите, прехранбената индустија, метало-преработувачката индустрија, странските инвестиции во слободните економски зони, компании од услужната дејност, банкарскиот сектор итн.

Клиенти на РЕС можат да потврдат дека компанијата за снабдување со електрична енергија Reneweble Energy Supply е етичка, доверлива, одговорна, проактивна и насочена кон заштита на интересите на потрошувачот во текот на целиот период на соработка, што е исклучително важно во услови на непредвидливи ценовни случувања во однос на електричната енергија кои можат значајно да влијаат врз стабилноста на фирмите, информираат од Феро Инвест.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: