ПСЖ вчера ја потврди новата титула во француското првенство, но овој викенд по лошо ќе го памети еден од членовите на тимот на Кристоф Галтие.
Голманот Серхио Рико експресно се вратил во својата Севилја со приватен авион, но денеска таму доживеал потешка несреќа откако паднал при јавање коњ.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Рико итно бил пренесен во болница со хеликоптер и таму лекарите ќе внимаваат на него, правејќи детални испитувања за здравствената ситуација во која се наоѓа.
Според една верзија, Рико паднал од коњот кој го јавал, а според друга, добил незгоден удар во вратот по судир со друго животно, поради што лекарите се многу претпазливи и засега нема никакви прогнози и информации за неговата состојба.
Можеби ќе ве интересира: