РКЕ денеска треба да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари

struja
struja

Регулаторната комисија треба да информира дали ќе бидат прифатени барањата од МЕПСО, „ЕВН електродиструбуција“ и „ЕВН хоум“ за нова цена на струјата. Доколку барањата се прифатат, од 1 јануари просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 отсто.

Zito akcija 640x289px

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се очекува денеска да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари 2023 година.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Досега, барања за нова цена на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари до РКЕ поднесоа трите енергетски компании АД МЕПСО за пренос на електрична енергија, „ЕВН електродиструбуција“ за дистрибуција и „ЕВН хоум“ за вршење на дејноста универзално снабдување со електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинствата.

Бислимоски кажа дека според она што е доставено до Комисијата, МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 отсто, „ЕВН електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 отсто, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинствата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: