САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, изјави американската амбасадорка, Анџела Агелер.
Таа нагласи дека она што сакаат да го видат е дека во сите процеси се почитува законот.
Агелер нема коментар за владиниот предлог за разрешување на Коцевски, рече дека процесот се следи одблиску.
„Немам коментар, запознаена сум и го следиме процесот, според моите сознанија, во тек е процесот во согласност со законските процедури и одблиску го следиме“, рече Агелер.
Појасни дека одблиску се следат и случувањата во Судскиот совет.
„Одблиску го следиме и тој процес. Очигледно со години посочуваме во однос на Судскиот совет, но и за други аспекти на правосудниот систем, постојат законски процедури и, според моите сознанија, тој процес е во тек и одблиску ги следиме состојбите и сакаме да видиме дека законот се почитува“, нагласи Агелер.