Во последните 24 часа во Велес е регистриран само еден новозаразен пациент од ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира и деветмина оздравени велешани, со што бројот на активни случаи во градов е 394.
Во последното деноноќие направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19. Во Скопје се регистрирани 88 новозаболени, во Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2.
Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти ,починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (86 и 66г), еден од Куманово (72г), двајца од Штип (59 и 55г), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78г), еден од Охрид (82г) и еден пациент од Радовиш (65г). Пациентите се починати во болнички услови.
Од почетокот на коронакризата во земјава се регистрирани 85.494, оздравени се 66.209, починаа 2.581, а активни случаи се 16.704.
Можеби ќе ве интересира: