Само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет

vakcinacija
vakcinacija

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

Министерот е уверен дека сега е време да се надмине пандемијата на коронавирус, и порача граѓаните да се пријават на страната vakcinacija.mk.

Agria

Од следната недела ќе почне вакцинирањето и на вработените во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници, со што се очекува да заврши вакцинацијата на приоритетните групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата.

Во спортската сала „Борис Трајковски“, со „Спутник“ се вакцинираат припадниците на Армијата и МВР, дел од здравствените работници, наставниците и воспитувачите во градинките, а паралелно, во тек е и вакцинацијата на лица над 77 години со вакцината „Астра Зенека“.

Владата најавува дека во тек на месецов се очекува да пристигнат првите вакцини од Европската Унија наменети за Западен Балкан. Од нив, за Македонија се издвоени 100 илјади дози, од кои првично би требало да стигнат 20-25 илјади.

Понатаму, се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од „Фајзер“, како и втората пратка од вакцините на „Астра зенека“ преку Ковакс-механизмот. Според најавите на претставниците од власта, месецов  се очекува испораката на 200 илјади кинески вакцини, како и значителна количина „спутник В“, за кои има договор за 200 илјади дози.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: