Само три нови случаи на ковид-19 во Македонија

Veles kombe kovid maj 2021

Во ковид статистиката на Министерсвото за здравство, во последните 24 часа во Велес нема регистрирано нов случај на коронавирус, а не се регистрирани ниту оздравени. Активниот број на случаи во градот е 21.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-1, сите во Скопје.

Agria

Регистрирани се 45 оздравени пациенти, пријавени се вкупно пет починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).

Од пријавените, едно лице  е починато во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21193/czenite-na-gorivata-od-nokeska-se-zgolemuvaat/