Санкционирани четири возила што вршат јавен превоз поради неисправност на територија на СВР Велес

Policija kaznuva
Policija kaznuva

Велешката полиција санкционираше и ги исклучи од сообраќај четири возила за превоз на патници на подрачјето на СВР Велес, информираше денеска полицијата.

Zito akcija 640x289px

„Полициски службеници на СВР Велес денеска (27 јануари) од 8 до 12 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред сѐ автобуси и комбиња. При контролата, откриени и санкционирани се четири технички неисправни возила, од кои две возила имале неисправни сопирачки“, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Велес апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: