Денеска во Кривичниот суд ќе биде изречена пресуда за случајот “Тортура”, во кој обвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
Предметот што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски по парламентарните избори во 2011 година.
Обвинителството тврди дека при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски била употребена полициска сила, при што се инсистирало уапсениот да го снимаат телевизиските камери со цел јавно да го понижат. Од друга страна, одбраната тврди дека обвинетите се невини, односно дека обвинителството нема докази и оти обвинението се темели на претпоставки.
Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска.
Мијалков се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје” и веќе е осуден на 12 години затвор за предметот „Таргет-Тврдина” и на осум години затвор за „Трезор”.
Можеби ќе ве интересира: