
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, полициските Алфи се ослободени од обвинение за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на Љубе Бошковски кој беше апсен во јуни 2011 година пред ресторанот Воденица во Скопје.
Основниот кривичен суд Скопје денес донесе ваква пресуда со образложение дека обвинителството не докажало дека е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Дополнително вештачењето врз душевната состојба не покажало дека има психички и кардиоваскуларни проблеми кои траеле неколку дена, настанати како последица од апсењето.
Случајот во врска со приведувањето на лидерот на Обединети за Македонија беше отворен од поранешното СЈО.
Можеби ќе ве интересира: