
Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, останува во притвор во истражниот затвор “Скопје”, бидејќи Апелација му ја одби жалбата и ја потврди одлуката на Кривичниот суд, потврдија од второстепениот суд за “Фокус”.
Тој нудеше гаранција од 10,8 милиони евра за да се брани од слобода, но таа не беше доволна ниту за Апелација. На барањето да излезе од притвор со гаранција се спротивстави и вишиот обвинител Бурим Рустеми.
Првиот притвор му беше определен откако не беше најден во дома за да го прими решението за домашен притвор. Мијалков исчезна и беше недостапен два дена, по што се појави и замина во притвор.
Поранешниот директор на УБК е во затворски притвор од 23-ти февруари, а веќе има две првостепени судски пресуди на вкупно 20 години затвор, а на 17 јуни очекува нова пресуда за апсењето на екс министерот за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Можеби ќе ве интересира: