СДСМ бара итна декласификација на документите за аферата со прислушувањето

СДСМ побара од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го претстави како афера за прислушкување. Од опозициската партија велат дека постои јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи, со што јавноста ќе добие целосен увид дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност.

„Доколку АНБ ова не го направи, ќе биде јасно дека станува збор за уште еден неуспешен обид за манипулација. Исто како што беа случаите за неколку дестабилизации, за следење со дронови, за обиди за поткуп од странски компании на премиерот и слични приказни за кои никогаш ништо не се дозна повеќе“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Agria

Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го користи за дневнополитички цели, исто како што тоа го прави со сите други сериозни национални прашања. „Ова е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, чиј единствен интерес е да го оттргнат вниманието од проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Добро е што веќе никој не им верува на овие потрошени стратегии од времето на Никола Груевски, кои сега се рециклираат во услови кога Владата нема никаков резултат“, додаде Филипче.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: