СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД

sdsm

СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата против корупцијата и криминалот, велат од СДСМ.

Zito akcija 640x289px

„Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани. СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“, тврдат од партијата.

Agria

Претходно и коалицискиот партнер на ДУИ ја поздрави одлуката Груби да биде ставен на црната листа на САД и го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата на американскиот Стејт Департмент.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: