СДСМ: Ќе се бориме за неселективна правда за трагедијата во Кочани

На синоќешната седница на Централниот одбор на СДСМ, членовите разговараа за актуелните состојби во земјата по трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица. Членовите оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење и изразија сочувство со семејствата.

Zito akcija 640x289px

Заклучокот на Централниот одбор е дека истрагата до сега се води селективно, насочена само кон поранешни функционери и службеници, додека актуелните функционери, кои биле на функции во моментот на трагедијата, не се опфатени. СДСМ истакна дека селективноста не е правда, туку неправда, и ја продлабочува недовербата на граѓаните во институциите и правосудството.

Agria

„СДСМ инсистира на неселективна, независна и темелна истрага во која сите ќе одговараат согласно законите. На било каква селективност и штитење на актуелни функционери, СДСМ ќе се спротивстави. Пред законот, сите мора да бидат еднакви“, објавија од партијата.

СДСМ планира да ги искористи сите институционални и демократски механизми, вклучувајќи и создавање на Анкетна комисија во Собранието, за утврдување на фактите и политичката одговорност за трагедијата во Кочани.

Во однос на внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ, Централниот одбор донесе одлука да се одржат на 6-ти април, откако беа одложени поради трагедијата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: