СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата

denari pari

„Не станува збор за тоа колку е долга чергата, туку колку покачувањето на минималната плата е приоритет за оваа Влада. Историјата не учи дека за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е приоритет покачување на минималната плата и грижа за оваа категорија работници, ниту пак дијалог со синдикатите. Седум години СДСМ обезбедуваше пари за плати во време на најголемите економски и здравствени кризи. ВМРО-ДПМНЕ единствено бара изговори за да ја смени политиката на покачување на платите која СДСМ доследно ја спроведуваше. Ова директен удар врз стандардот на граѓаните и враќање кон раст на социјалните разлики во општеството“, велат од СДСМ.

Zito akcija 640x289px

„СДСМ застанува на страна на работниците. СДСМ им дава поддршка на синдикатите да продолжат ревносно да се борат и да ги бараат своите права, исто како што тоа го правеа во време на Владата на СДСМ. Да бидат гласни и доследни, а СДСМ ќе биде нивни сојузник во остварување на правата. Социјадемократскиот Сојуз на Македонија силно верува дека секој работник треба да добие правичен надомест за вложениот труд и од оваа политика нема да се откажеме.

Agria

За 7 години минималната плата беше зголемена четири пати, од 8.000 денари на 22.000 денари. Заедно со Синдикатите се утврди и методологија за постојан пораст на минималната плата. Одговорност на Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да продолжи растот на минималната плата и да престане да бара изговори. Работниците тоа го заслужуваат, да имаат достоинствени примања“, пишува во соопштението на опозициската СДСМ.

Можеби ќе ве интересира: