30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните

smetki za struja

„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување на сметките за струја на над 600.000 домаќинства. За сметка од 3.000 денари, заштедата за граѓаните ќе изнесува околу 400 денари месечно“, велат од СДСМ

Zito akcija 640x289px

„Во услови кога животот станува сè поскап, сè повеќе семејства се соочуваат со финансиски тешкотии мерката на СДСМ за намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе директно финансиско олеснување за граѓаните.

Agria

Евростат измери дека граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.

Владата на Мицкоски покажа голема неспособност и незаинтересираност, наместо да им помогне на граѓаните ги остави сами.

Граѓаните се жалат дека јануарските сметки за струја им се зголемени од 20% до 30%, со што им е зададен уште еден сериозен удар врз нивните семејни буџети по серијата поскапувања на цените на производите, на храната но и на парното.

СДСМ ја повикува Владата и сите пратеници во македонското Собрание, да го прифати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ на струја од 18% на 5%, за да им се помогне на граѓаните да го прребородат овој тежок период“, соопшти СДСМ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: