СДСМ: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска испрати критики кон власта откако пад на Македонија за шест места во индексот на слобода на медиумите, покажува извештајот на „Репортери без граници“. Според неа, ова е прв ваков пад после 8 години. Таа потсети на минатите извештаи.

Zito akcija 640x289px

-Од 118-то место во 2016 година, со СДСМ Македонија напредуваше до 36-то место, на најдобро место во регионот, благодарение на посветените политики за слобода на говорот, транспарентност и независност на медиумите. Овој континуиран напредок на слободата на медиумите сега е сериозно загрозен. ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се под притисок, а медиумскиот простор се стеснува. Денес тоа повторно се случува, рече Кузеска на прес-конференција.

Agria

СДСМ ја повикува јавноста, граѓанските организации и меѓународната заедница на будност и додава дека ова се загрижувачки тенденции.

Претходно од најголемата владеачка партија посочија дека падот на Индексот на „РБГ се должи главно на ширење на лажни вести и дезинформации. Го вперија прстот во СДСМ и нивниот претседател Венко Филипче.

За Македонија која оваа година е на 42-то место и бележи пад од 6 места во споредба со минатата, според Индексот на РБГ, се вели дека „владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.

Се огласија и од Левица. Порачаа дека само шест месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 беа доволни за Македонија да падне за шест места на Индексот за слобода на медиумите.

„Како сериозен удар врз објективното новинарство е наведен законот со којшто „повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание“. Закон, што Левица го блокираше амандмански, но широката коалиција го заобиколи и искористувајќи ја алатката „европско знаменце“ донесе класичен анти-европски закон, којшто е основна причина за пристрасно и провладино однесување на одредени медиуми, кажа меѓу другото од партијата на Димитар Апасиев.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: