СДСМ: Со изјавата дека е победник на изборите, Мицкоски го потцени народот

sdsm sediste
sdsm sediste

СДСМ експресно реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на прес конференцијата попладнево рече дека неговата партија требала да формира влада, бидејќи освоила повеќе пратенички мандати од СДСМ, ако се изземеле мандатите на БЕСА.

Zito akcija 640x289px

„Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да бори. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност.

Agria

Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите.

Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници.

Вчера на фер, слободни, демократски избори народот јасно му го покажа патот. Што понастрана од власта. Наместо да се плетка во сопствените небулози, нека си мисли како ќе си го решава проблемот што му се отвора на столчето во белата палата.

Државата, граѓаните, продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе. СДСМ победи, ВМРО-ДПМНЕ изгуби“, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: