Велешкиот огранок на СДСМ остро реагира на постовите на фејсбук на градоначалникот на Велес, Марко Колев откако вчера заедно тој заедно со пратеникот и член на ИК, Антонио Милошовски и потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска беа на увид во Индустриската зона УЗУС каде се отпочна со изградба на две нови улици.
„ОО СДСМ Велес остро реагира на последните постови на градоначалникот Марко Колев каде што во придружба на потпретседател на ДПМНЕ и на вечниот креатор на лажни вести Антонио Милошоски грубо ја манипулираат јавноста дека работат нешто во интерес на велешани“, велат од велешкиот огранок на СДСМ.
Од велешкиот огранок на СДСМ потенцираат дека развојот на Велес не е партиска работа.
„Антонио Милошоски и извесена потпретседателка на ДПМНЕ нема што да бараат во увид на проект, особено ако се земе фактот дека како и за сите други проекти кои досега беа позадина на фотографиите на Марко Колев, и овој, кој се однесува на ИЗ УЗУС се реализира со средства кои во целост обезбедени од Владата предводена од СДСМ“, се вели во нивната реакција.
СДСМ додава дека и овој проект е целосно планиран, проектиран од претходната локална самоупораца предводена од СДСМ и со финансиски средства обезбедени од влада предводена од СДСМ а си го припишуваат како ПАРТИСКА заслуга на ДПМНЕ.и второ, по двонеделниот застој на работите, вчера заради фотографирање и снимање работеа, за од денес пак да престанат со работа. Лоши глумци, се вели во реакцијата на СДСМ.
Инаку вчера, градоначалникот на Велес Марко Колев, заедно со Антонио Милошоски член на ИК на партијата и пратеник во Собранието како и потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, и Игор Здравковски, пратеник во Собрание и Зоран Љутков, претседател на Советот на Општина Велес, направија увид во Индустриската зона УЗУС каде се отпочна со изградба на две нови улици.
Градоначалникот посочи дека заедничкиот заклучок на сите е дека е неопходна кохезија со централната власт и достапна поддршка за реализација на предвидените проекти. Заедничка е и одговорноста да делуваме за развој на индустриските зони, со што значително ќе се придонесе за унапредување на потенцијалот кои овие зони го имаат за создавање на нови бизнис можности.
Можеби ќе ве интересира: