Типографот и графички дизајнер Ласко Ѓуровски кој работеше на кирилски фонт за лицата со дислексија „DyslexicFZF“ сега работи на дигитализација на ракописот и изработка на фонт базиран на оригинални документи напишани од поетот Кочо Рацин.
Тој на својот Фејсбук профил објави слики како изгледа дигитализираниот ракопис на Рацин.
“На сликата лево е оригиналниот ракопис на Рацин, напишан во неговиот бележник, најверојатно со молив, десно од него е мојата дигитализацијата на ракописот, а на сликата најдолу е финалната верзија на фонтот. Досега се изработени 24 мали кирилични букви. Да го чуваме и надградуваме македонското културно наследство, да го запишеме во вечноста каде што никој не може да го избрише”, нагласи Ѓуровски.
Можеби ќе ве интересира: