Екипата на Кеги Моби го доби противникот во осминафиналето на футсал Купот на Македонија.
Во натпреварот кој требаше да одлучи кој ќе му се спротистави на велешкиот прволигаш, Овче Поле го победи Проект Јосифово со 7:4.
Со ова се комплетираа сите осминафинални дуели од футсал Купот на Македонија, а таму ќе се сретнат:
КМФ Кеги Моби – КМФ Овче Поле
КМФ Железарец – КМФ Шкупи
КМФ Арбен Бајрами – КМФ СК Проект
КМФ Клими – КМФ Карадаку
КМФ Јувентус Серава – КМФ Шкендија
КМФ Мал Ајакс – КМФ Црна Река
КМФ Кратово – КМФ Велес
КМФ Велешта – КМФ Астибо
Натпреварите се играат следниот викенд, односно на 6 и 7 Февруари 2021 година.
Можеби ќе ве интересира: