Новиот состав на Советот на Општина Велес деска ја имаше својата конститутивна седница, на која се утврдија мандатите на новите членови на Советот, кои положија заклетва. Седницата ја отвори досегашниот претседател на Советот Кирил Гајдов, кој местото претседавач му го отстапи на највозрасниот член Коста Нојков.
Иако советниците од СДСМ побараа на дневен ред да се стави и точка за избор на претседател на Советот, мнозинството не го прифат овој предлог. Потоа, се формираше Комисија за верификација на мандатите на новите членови на Советот, кои ги констатираа мандатите на 22 членови. Единствено не е верификуван мандатот на советничката Нада Јованова од ВМРО ДПМНЕ, која од оправдани причини, не присуствуваше на седницата.
Содржината продолжува под рекламата
Новите советници дадоа свечена изјава. Иако во текстот на заклетвата стоеше уставното име Република Северна Македонија, додека ја повторуваа, советниците на ВМРО ДПМНЕ и Левица одбија да ја споменат одредницата „Северна“ и заклетвата ја дадоа, споменувајќи го поранешното уставно име, Република Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Членовите на Левица на социјалните мрежи објавија фотографии на кои се гледа дека во текстот на заклетвата ја избришале одредницата „Северна“ од името на државата.
За утре е закажана нова седница, на која се очекува да биде избран претседателот на Советот, во кој ниту една партија нема мнозинство. 11 советници има ВРМО ДПМНЕ, 8 се од СДСМ, 3 од Левица и еден советник е од редовите на ДУИ. За мнозинство потребни се 12 советници.
Можеби ќе ве интересира: