Се намалува бројот на активни случаи во Велес

Veles Malo movce Oktomvri 2021

Голем број на оздравени пациенти во Велес регистрира Министерството за здравство. Дури 41 лице ја победиле болеста, регистрирани се и 10 новозарзени велешани. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно починато лице од Велес. Aктивниот број на случаи во градов е 315.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г). Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Содржината продолжува под рекламата

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: