Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20 % во однос на одлуката од 20.4.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,666 %, кај дизелот 6,122 %, кај екстра-лесното масло 6,120 % и кај мазутот има зголемување од 0,865 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,064 %
Малопродажната цена на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 3,00 денари/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 2,50 денара/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,028 денари/кг.
Од 25.4.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,00 (денар/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,50 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 71,00 (денар/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,437 (денар/килограм)
Можеби ќе ве интересира: