Се посвесни се семејствата за тоа какво добро дело прават кога ќе се согласат да се донираат органите од пациенти на кои за жал им нема спас

transplantija na srce

Успешно заврши и четвртата трансплантацијата на срце во државата, а срцето го добил 51-годишен пациент кој немал друга алтернатива, рече вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Zito akcija 640x289px

„Ова е четврта трансплантација, мислам дека целиот процес добро се одвива. Се посвесни се семејствата за тоа какво добро дело прават кога ќе се согласат да се донираат органите од пациенти на кои за жал им нема спас. Верувам дека ова е најдобар знак и показател како се одвива целокупната работа. Изразувам благодарност до сите лекарски тимови кои беа вклучени и честитки за успешната работа“, рече првиот човек на министерството за здравство, Веко Филипче.

Agria

Здравствените власти се надеваат дека наскоро ќе може да се изврши и трансплантација на црн дроб. заедно со екипите од абдоминална хирургија и гастроентерохепатологија.

Националниот координатор за трансплантација во државата Маја Мојсова Мијоска рече дека поминале тешка вечер, се уште чувствуваат знаци на умор, но смета дека конечно направиле  некаков систем и еден голем импакт на граѓаните во однос на свесноста што значи мозочна смрт и што значи органодарителство.

„Оваа година претходна што беше исклучително тешка за здравствениот систем успеавме да направиме пет трансплантации од починат донор, од нив четири срца и 10 бубрега, делови од коскено ткиво што беа пресадени минатиот пат и во суштина сме на добар пат да бидеме забележани и од Европа во однос и на бројката и во однос на квалитетот на трансплантациите. Генерално еден здравствен систем се цени по нивото на трансплантација и нивото на здравствениот систем во суштина е препознаен по трансплантациите што се одвиваат затоа што тоа во суштина е и највисоко дело од здравствениот систем“, рече д-р Мојсова Мијоска.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21436/mladinczite-na-grk-borecz-vikendov-so-novi-predizviczi-vo-mladinskata-liga/