Се продолжува рокот за преговори помеѓу СОНК и Владата

SONK
SONK

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) на денешната онлајн средба се договорија преговорите меѓу СОНК и МОН да продолжат за уште десет дена.

Zito akcija 640x289px

Како што соопшти СОНК, на средбата, неминовен бил заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период од 10 дена, под покровителство на назначениот помирувач од Министерството за труд и социјална политика, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решевање на работни спорови, со оглед на фактот што, како што наведуваат од СОНК, преговорите се движат во нагорна линија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со оваа препорака, појаснуваат од СОНК, предвидено е во дополнителните 10 дена, да се утврди процентот за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, како и дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование.

Можеби ќе ве интересира :

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: