Се санираат штетите од синоќешното невреме во Делчево

nevreme-kavadarczi

Екипи на ЈКП „Брегалница“ и на ТППЕ Делчево интензивно работат на санирање на штетите од вчерашното невреме што го зафати Делчево.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Со механизација и рачно се расчистуваат наносите од земја на коловозите во централното градско подрачје и во реоните, а стручни лица прават увид на оштетената инфраструктура на коловози и потпорни ѕидови со цел да се пристапи веднаш кон нивна санација.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Градоначалникот Трајковски кој и утрово e на терен истакна дека сите екипи се максимално ангажирани за да се санираат штетите и да се врати градот во нормала. За денеска Советот на Општина Делчево закажа вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето кое вчера го зафати Делчево. 

На Седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево, ќе биде доднесена и одлука за формирање Комисија за проценка на штети, а ќе биде објавен и јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети.

Инаку, од вчерашното невреме поплавени се приватни домови, институции и фабрики, а оштетени се и коловозите на неколку сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38927/edna-zhrtva-vo-soobrakajkata-vo-tunelot-kaj-demir-kapija/