Се укинуваат маските за основците

Ucenici so maski
Ucenici so maski

Учениците од прво до деветто одделение во Македонија од утре, 30 март, нема потреба да носат маски во училиште. Владата ја прифати препораката на Kомисијата за заразни болести.

Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, препорака за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар, а денеска амин даде Владата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Сепак, како што појаснија и од Комисијата за заштита од заразни болести, оние ученици кои сакаат, може да носат маски. Оваа одлука не важи за наставниците и другиот училишен персонал. Тие и понатаму ќе мора да носат заштитна маска во затворените простории на училиштето. Обврската да носат маски, останува и за средношколците и за студентите кои со физичко присуство посетуваат настава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: