Се враќа интересот кон селскиот туризам

Vrteska Plackovica
Vrteska Plackovica

Корона вирусот го оживеа интересот за викенд населбите на планината Плачковица. Се исчистија постојните, но има интерес и за нови викендици. И неколку стари и напуштени селски ќуки од селото Вртешка наскоро ќе станат место за одмор. Од општина Карбиници велат дека по асфалтирањето на патот со пари од Светска банка има интерес за проширување на населбата. Наскоро ќе се прави и нов водовод за сите планински села.

Zito akcija 640x289px

„Се повеќе од туристите, ако се земе предвид дека границите се затворени, се преорентираат кон селскиот туризам, спрема алтернативниот туризам. Мора да напоменеме дека на територија на Општина Карбинци постојат и цркви од поизминат период, така да црковниот туризам заживува“, изјави Јордан Насев градоначалник на Општина Карбинци.

Agria

„Оваа година може да се каже дека посетеноста на викенд населбата голема. Дали поради коронавирусот или друго не знам но викенд населбата е заживеана 100 отсто“, вели Гоце Митевски сопственик на викендичка.

Иако дрвокрадци ја соголија Плачковица на некои делови сепак планината си има свои скриени адути.  Посебно атрактивни се четирите пештери, што привлекуваат голем број авантуристи, но тука во близина се и неколку интересни кањони како Камник, Комитски кањон, Козјак и Ломија. Иако и чистиот воздух е доволен за да ги привлече луѓето да се тргнат од градската врева.

„Пред се чист воздух бидејќи се наоѓаме на надморска височина од некаде 1400 метри, природна вода, нема проблем со нсабдување со струја, мир. Животинскиот свет е доста присутен, го има, едноставно убавина“ вели Гоце Митевски сопственик на викендичка.

Тука се наоѓа планинарскиот дом Вртешка. Веќе се направи 13 метарска ваштачка карпа што ќе се користи за алипинистички тренинзи, но и натпреварувања. Планинарсото друштво Лисец веќе постави и мапи со QR код на 30 билборди и патокази со што ќе им се олеснат прошетките на сите заинтересирани посетители.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: