Велешката болница информира дека на одделенијата во Велес вкупно се хоспитализирани 52, од кои 42 се потврдени позитивни со Ковид-19, а десет се сомнителни на вирусот Ковид-19.
Како што информираат од таму, на кислородна поддршка се 32 пациенти. Испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Во моментов на инфективното оддление се лекуваат 47 пациенти, а на интерното оддление има само пет пациенти.
Можеби ќе ве интересира: