Се зголемува бројот на активни случаи во Велес

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 4264 тестирања а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19, три нови случаи на заразени со коронаирус се регистрирани и во Велес.

Zito akcija 640x289px

Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Свети Николе и Делчево – по 1

Agria

Регистрирани сe 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Кичево – 2 и Тетово, Струмица и Берово – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Макееонија од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292.