Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница се зголемува и во моментов изнесува 59 пациенти што е за пет пациенти повеќе од вчерашниот ден. На кислородна поддршка се 29 пациенти.
Од нив, 41 имаат позитивни тестови, девет пациенти се сомнителни на вирусот, и девет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 52 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат седум пациенти. Во последните 24 часа нема испишано пациенти, а хоспитализирани се тројца пациенти.
Можеби ќе ве интересира: