Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот. Нема регистрирано ниту оздравени пациенти. Бројот на активни случаи на ковид-19 во градот е пет.
Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.
Регистрирани сe 17 оздравени пациенти, регистрирани се две починати лица еден од Скопје и еден од Кичево ,двајцата пациенти се од возрасната група 60+ и двајцата се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299 бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.
Можеби ќе ве интересира: