Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за прашања за изборите и именувањата.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е разгледување на Заклучокот на Собранието по предлогот на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, поднесен од пратениците Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Боби Мојсоски, Љупчо Балкоски, Панчо Минов, Моника Зајкова, Борислав Крмов и Маја Морачанин.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледува Предлог законот за измени на Законот за виното, по скратена постапка.
На Комисијата за прашања на изборите и именувањата продолжува расправата за избор на член на Советот за јавни обвинители.
Можеби ќе ве интересира: